Во врска со актуелните случувања поврзани со издавањето и печатење на „Збирката поезија“ од проектот „Млади Поети“, поддржан од Агенцијата за Млади и Спорт на Р.М., би сакале да ја информираме јавноста за следново:
– Нашата компанија „Арс Ламина“ д.о.о. Скопје, по спроведена постапка за Јавна Набавка е избрана за договорен орган и има склучен договор со Број 2/2/2018 – за печатење на збирка поезија во рамки на проектот “Млади Поети“;
– Обврска на „Арс Ламина“ д.о.о. Скопје по однос договорот е дизајн и техничко уредување на збирката (во смисла на подготовка за печат) и печатење на збирката поезија за која материјали како финална селекција добиваме од Агенцијата за Млади и Спорт на Р.М.
– При увид во доставениот материјал за збирката „Млади Поети“ од страна на договорниот орган утврдивме дека не ни` се доставени сите потребни податоци за печатење на публикацијата, односно не беше доставен импресум, ЦИП, вклучително и соодветните податоци како што се: издавач и уредник. Во оваа комуникација со договорниот орган настанало и недоразбирање, поради кое како уредник е наведен директорот Дарко Каевски, за што очигледно тој не бил известен.
Жалиме за настанатото недоразбирање и како реномирана компанија, стоиме на располагање на Агенцијата да го разрешиме истото и доколку е потребно да се коригираат податоците по напатствија на договорниот орган.
„Арс Ламина“ д.о.о. Скопје