Арсовска ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот.
 
Во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа – Council of Europe во Стразбур, Франција како предлог на претседателството на Европската народна партија EPP European People’s Party минатата година Арсовска едногласно беше избрана за потпретседател.
 
На пленарниот состанок на политичката група се презентираa извештајот на Претседателството и се дискутираше за решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено за соработка со цел обезбедување грижа кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и развој на инфраструктурата.