Арсовска: Очекувам сите советници да ги поддржат политиките во интерес на скопјани

Сподели

 

Градоначалничката Арсовска во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека очекува од сите советници да ги поддржат проектите кои значат подобар живот за скопјани.

– Тие проекти се на скопјани и очекувам дека сите советници ќе ги гласаат, досега за сите проекти кои беа достaвени видовме случаи и на консензус односно проекти кои беа гласани од сите советнички групи, нивната одговорност е пред граѓаните, рече Арсовска која додава дека нема контакт со СДСМ а очекува сите советници да ги поддржат во Советот на Град Скопје проектите кои се во интерес на скопјани.

– Контакти со СДСМ немам но она кое може да го видам во рамки на советот кое е доставено како наши мерки и политики во интерес на граѓаните било секогаш поддржано од сите политички опции и на таа нивна совест и одговорност ќе повикам и во иднина, рече Арсовска.

За очекувањата од директорите на јавните претпријатија Арсовска рече:

Пред се како што напоменав требаше да се испорачаат резултати, а тоа се движи многу споро. Ние тие проекти мора да ги движиме затоа што имам одговорност пред граѓаните и доколку било кој го опструира тоа или работи за туѓи интереси тогаш тоа не смее да се дозволи. Затоа тие функции не се дадени од сега засекогаш, тие се вршители на должност за да докажат и покажат што знаат и можат. Во текот на целиот мој мандат секој оној кој нема да испорача резултати и ќе го успорува процесот на реализација на ветеното сметам дека треба да понесе одговорност.

Секој носител на јавна функција сам е одговорен за тоа што треба да го сработи. Кој и да е на било која функција каде што јас ги назначувам како градоначалник сметам дека доколку не го спроведуваат она што треба како што треба ќе си понесат одговорност, вели градоначалничката.

Арсовска истакна дека документите за работењето на Златко Перински се подготвени и ќе бидат доставени до Обвинителството.

– Подготвени се документите и ќе бидат доставени до надлежното јавно обвинителство и понатаму ние не сме суд да цениме. Имам очекувања и сакам да превенирам да се случува нешто што е спротивно на интересот на скопјани. Ова е буџет на граѓаните и нема да дозволам некој да си подигрува особено не во економска и енергетска криза.

Проблемите почнаа да излегуваат на површина уште пред еден месец кога најавив ревизија на работењето на јавните претпријатија и почнаа да излегуваат на виделина. Особено во делот на вработувањата, имајќи предвид дека барам одговорност за секој кој во претпријатието имал вработени кои не оделе на работа а им биле делени плати и тука веќе гледате дека се наѕираат извесни ситуации за кои верувам дека откако ќе бидат извршени овие ревизии ќе бидат малку поискристализирани, вели Арсовска.