Арсовска прави злоупотреба – ЈП „Паркови и зеленило“ распишува оглас за 90 вработувања

Сподели

 

Со скандалите на Данела, може да се сними теленовела. Последниот доаѓа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува нејзиниот кадар Сефи Шабани. Во ова јавно претпријатие спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за 90 вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата. 

Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни.

ВМРО-ДПМНЕ, соопштение