Со збратимениот град Сараево, денес потпишавме протокол за зајакнување на соработката помеѓу двете претстолнини, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Заедно со градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ искажавме подготвеност за унапредување и зајакнување на веќе постоечките пријателски релации и меѓусебната соработка со конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на економијата, културата, спортот, образованието, животната средина.
Со новиот протокол, градот Скопје и Сараево пристапуваат кон суштинска соработка и реализација на зацртаните цели на двете градски администрации, преку размена на идеи за потенцијалните проекти и утврдување на динамиката на нивна реализација, додаде Арсовска.