Артан Груби – ДУИ чека комплетен предлог за Влада

Сподели

ДУИ чека комплетен предлог за Влада, закон за рамноправна употреба на службениот албански јазик на цела територија, како и поделба на функционерски места. Ова синоќа во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, го изјави Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ и пратеник.

artan

– “Материјалите што ги бара ДУИ од СДСМ се однесуваат на повеќе работи. Првиот дел е хармонизација на политичките ставови околу многу ситуации во земјава, извештајот на Прибе, СЈО, Охридскиот договор, албанскиот јазик и многу други прашања што ќе треба Владата да ги застапува во наредниот период. Вториот дел се однесува на хармонизација на платформите што ги имавме на последните избори, однсно она што го ветивме на граѓаните. Третиод дел се однесува на поделба на ресорите, а четвртиот дел е роковникот за сето ова да се исполни.” – рече Груби.

Тој оцени дека на крајот за сè ќе одлучува Централното претседателство на партијат. Груби не сакаше да прецизира што конкретно најави Ахемти со „белгиското сценарио“, според кое Белгија 2 години немаше влада и рече дека технички гледано, ДУИ може да одлучува и 4 години.