Артан Груби на официјални средби во Белата Куќа, Пентагон, Конгрес и во Стејт Департментот

Сподели

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, кој воедно е и Претседател на групата за соработка со Конгресот на САД од 6 до 11 февруари 2018 година, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.

Груби на работната посета на САД, ќе оствари средби со Директорот на Националниот Совет за Безбедност за Европа во Белата Куќа, Мајк Пенс, со Заменик Државен Секретар за Безбедност во Пентагон, г. Метју Палмер, Директор за ЈугоИсточна Европа во Стејт Департментот и ќе има повеќе средби со конгресмени. Груби ќе се сретне со Амбасадорот на Грција во САД, Харис Лалакос.

Во рамките на посетата на г. Груби на САД, на покана на Конгресмените г.Чарли Крист и г.Ренди Халтгрин, ќе присуствува на 66. Молитвен појадок во Вашингтон, каде што ќе присуствува и Претседателот на САД Доналд Трамп.

Пратеникот Груби потоа ќе отпатува за Њу Јорк на работен ручек со медијаторот на ООН за името, г. Метју Нимиц, по негова покана.

Оваа посета на Груби претставува можност за да се реафирмира силната американска поддршка на ЕвроАтлантските интеграции на Република Македонија. Истовремено и одлична шанса, г. Груби да информира за постигнатиот напредок на земјата во изминатите неколку месеци, заснован, пред се, на крупните реформски активности на Владата и на парламентарното мнозинство, но и на конструктивната надворешна политика, што значително придонесува за забрзано отворање на перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.