Астрит Исени и официјално е заменик-министер во МВР

Сподели

Проф.д-р. Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Со преземање на функцијата, заменик министерот ја изрази својата длабока и максимална посветеност во неговата работа и неговиот придонес  во држување на јавниот ред и мир, со цел нашите граѓани да се чувствуваат заштитени и безбедни.

,,Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани“, нагласи г. Астрит Исени.

„Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето и унапредувањето на услугите што ги нуди Министерството за внатрешни работи, одржувањето на јавниот ред и мир, блиската соработка со другите институции и со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносни прашања”.

Заменик министерот ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни своите должности во соработка со неговите соработници, како и со сите заинтересирани страни за постигнување на заеднички цели.