АВМУ го осудува повикувањето на новинарката Делевска од страна на МВР

Сподели

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите.

Апсолутно е неприфатливо да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како обид за заплашување, што пак придонесува за појава на самоцензура. Ваквите случаеви негативно се одразуваат врз слободата на информирање.

Агенцијата потсетува дека секој којшто смета дека одреден медиум му го нарушил угледот и честа со објавување нецелосни, непроверени или неточни информации, има право да побара од медиумот објавување на демант, одговор и исправка, или да поднесе претставка до саморегулаторните тела за медиуми.