Аврамопулос ја повика Унгарија да ги почитува правилата за азил

Сподели

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска ја повика Унгарија да се однесува во согласност со правилата на ЕУ за постапување со азилантите.

Аврамопулос на состанок со унгарските власти истакна дека експертите ќе расправаат за да осигураат дека новите унгарски правила за бегалци ќе бидат во согласност со правилата на ЕУ.

Во меѓувреме, унгарскиот Хелсиншки комитет, кој ги застапува правата на подносителите на барања за азил, рече дека привремената уредба на Европскиот суд за човекови права ја спречува Унгарија да испрати осум тинејџери и една жена која е во поодмината фаза за бременоста, во контејнерските кампови на границата.

Новите унгарски прописи, кои денеска стапија на сила, предвидуваат задржување на сите баратели на азил во контејнерски кампови на границата, што наиде на критики од ОН, како и од адвокатите што се занимаваат со човековите права.

meta.mk