Бадник – 6. јануари е неработен ден за православните граѓани

Сподели

 

 

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ, 6 јануари 2021 година (среда), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.​