Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата се најде „помеѓу два огна“, а целата приказна е поврзана со трансферот на Роберт Левандовски од Минхен во каталонскиот клуб.
Станува збор за своевидно „расцепување“ околу висината на обештетувањето што треба да им припадне на Баварците.
Германскиот новинар Рафаел Хонигштајн објави дека челниците на Баерн не веруваат дека Барселона ќе постои за неколку години.
Извештаите од Шпанија велат дека се е заглавено за околу 10 милиони евра, односно дека Барселона нуди 40 плус бонуси, додека Баерн бара 50 милиони однапред.
Причината поради која не сакаат плаќање преку бонуси или рати е токму поради тоа што се сомневаат дека шпанскиот вицешампион нема да може да ги плати.
Ова е во склад со неодамнешната изјава на поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, кој рече дека не разбира зошто Барселона на име обештетување нуди толку бројки кога практично е пред банкрот.
Самиот играч сака да се пресели во Барселона, односно, пред се, повеќе не би останал во редовите на шампионот на Бундеслигата.
The post Баерн и предвидува на Барселона колапс и пропаст – Не сака рати за Левандовски! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico