Балетска претстава „Есмералда“ од Чезаре Пуњи во НОБ

Сподели

 

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, под диригентство на Бисера Чадловска.

Кореограф е реномираниот Михаил Крапивин од Русија, сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, додека концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова-Атанасовска, а во другите улоги ќе настапат: Балаж Лочеи од Унгарија, Христина Наќевска, Марија Јосифовска Ристовска, која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност, Клод Фроло и Ендру Кук од Англија.

Ќе настапат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.