Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска нагласи дека треба сите институции и политички партии да работат на отстранување на пречките за нормално функционирање на Специјалното јавно обвинителство.
– Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и за сознанијата што произлегоа од него. Како што кажа Европската Унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Договорот од Пржино и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО – рече Бејли.
Американскиот амбасадор денеска беше во посета на мегалитската опсерваторија Кокино, каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и од Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група „Абер 2015“.
Бејли: Да се отстранат сите пречки за нормално работење на СЈО