„Најголемиот дел од болниците во земјава ни се се уште оставени како во 60-тите. Никој не беше подготвен за ова, мора да се инвестира во јавното здравство. Државата требаше да собере сили да ги среди болниците во поголемите градови. Не може да биде толку голем јазот меѓу „Жан Митрев“ и „Универзитетска клиника“. Само во Скопје 2014 проектот лежи еден мултифункционален Клинички центар со кој би се гордееле. Се дозволи дел од објектите се во супстандардни услови, ако влезе во една просторија еден заразен, цели 45 минути нема да може да влезе друг пациент. Откако ќе помине ова, сериозно ќе треба да се размисли за овие работи. 30 години не се вложуваше во здравството, сега дојде време за наплата“ – изјави вели д-р Нико Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.