Беќаровски: Кубанците веруваат во наука и социјализам, Македонците во теории на завери и бога

Сподели

 

Д-р Нико Беќаровски на својот ФБ профил, под наслов „Вакцинална математика“, направи споредба на податоците околу смртноста од ковид-19 и опфатот на вакцинацијата во Македонија и во Куба, која според него укажува на важноста на вакцинацијата во спречувањето смртни случаи од коронавирусот.

ВАКЦИНАЛНА МАТЕМАТИКА
 
– Повеќе од 10 милијарди и 300 милиони вакцини против Ковид-19 веќе се аплицирани. Секој човек на планетава во просек примил 1,42 дози.
– Кубанците се највакцинирана нација во светот и секој Кубанец примил во просек 3.06 дози.
– Во Македонија се аплицирани околу 1.8 милиони дози, односно во просек секој Македонец примил 0.91 дози.
 
• Во светот починале 5.8 милиони луѓе од Ковид, или 828 луѓе на 1.000.000 жители.
▪︎ Во Куба починале 8234 Кубанци односно 512 на милион жители.
● Во Македонија досега починаа 8626 граѓани, односно 4392 граѓани на милион жители.
 
 -Во Македонија >30% од населението верува дека вакцините убиваат, чипираат, стерилизираат, дегенерираат….
– Кубанците веруваат во наука и социјализам, Македонците во теории на завери и бога.
 
 
 

Докторот ги посочува бројките, кои покажуваат дека смртноста од ковид во земјава е осумпати поголема отколку на Куба и петпати повисока од светскиот просек.