Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупначевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, како надлежен орган за спроведување на законот за Здруженија, пишува Апла.мк.
Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.
„Но токму професорот Борче Давитковски автор на Законот за здруженија и фондации, упатува дека министерството било должно да го спроведи надзорот и да констатира непостоење на важен документ, согласност за употреба на името на историската личност Иван Михајлов и регистрацијата да ја прогласи за ништовна, вели Весна Бендевска“, Комисија за заштита и спречување на дискриминација
Од Правда пак не сакаа да коментираат за прекршочната постапка што ја поведе Комисијата за заштита од дискриминација.
„Министерството за правда ќе се произнесе за прекршочната пријава откако ќе ја добие. Министерството според законот има обврска да врши надзор над примената на одредбите на законот а не да врши надзор над работата на здруженијата“, се наведува во одговорот од Министерството за правда.
Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар Иван Михајлов затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите. Во одговорот од Културниот центар се наведува дека мислењето на Комисијата е тенденциозно, а подносителот на претставката, битолскиот Сојуз на борци не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист. За бугарскиот клуб, паушално и тенденцозно е и мислењето за оваа историска личност и од Институтот за национлна историја, потпишано од академик Драги Георгиев.