Беса Адеми останува на функцијата претседател на Врховниот суд

Сподели
 

Судскиот совет со 7 гласа „ЗА“ и 4 гласа „ПРОТИВ“ одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата.

Барањето дојде од членот на советот, Миљазим Мустафа, кој обвини дека со нејзиното неприсуство на седници ја нарушила работата на Судскиот совет, иако таа нема право на глас, бидејќи е член по функција. Мустафа пак, ја напушти седницата, бидејќи како подносител кој на Адеми и се закани со затвор, немаше право да гласа.

Весна Дамева пред гласањето изјави дека Беса Адеми покажала независност, не подлегнала на притисоци и била транспарентна и дека за наводите за притисоци, Дамева е убедена дека Адеми го пријавила истото на свој начин, за да се заштити себеси.