БЕСА: Албанците ќе го казнат ДУИ со нивниот глас

Сподели

levizja-besa-1

Движењето Беса вечерва ја промовираше предизборната програма и кандидатите за пратеници на предизборен собир во Кичево.

Пред насобраните симпатизери и членови, се обрати кандидатот за пратеник од Кичево во петтата изборна единица, Арбен Лабеништи, кој порача дека е време е за промени.

 – Ќе дојдат нови сили кои ќе знаат да ги бранат интересите на Албанците. Албанците ќе го казнат ДУИ со нивниот глас. Ние се наоѓаме на еден крстопат каде што вистинскиот правец е платформата која ја нуди оваа коалиција рече Лабеништи и порача дека ќе победат не само на овие, туку и на локалните избори кои треба да се одржат следната година на пролет.