По едночасовен разговор, заврши средбата меѓу лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Тема на дискусија беа последните политички случувања и настанатата ситуација во земјата, по одбивањето на претседателот на државата да го даде мандатот. Исто така, се разговараше и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата за функционализација на институциите“, велат од Беса.
Беса нагласува дека и понатаму ќе игра конструктивна улога и дека и понатаму ќе биде дел од решението, а не дел од проблемот