Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО, ова сега е само формалност

Сподели

Пратениците на Беса во Собранието на Република Македонија ќе гласаат „за“ на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што изјави пратеникот Фадил Зендели, е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, а ова сега е само формалност.
– Беса ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист во неправдата кон Албанците, но притоа не можеме да не споменеме дека до сега ниту СЈО не ги исполнило очекувањата на Албанците.

Aлбанците со право очекуваат вистинска правда при разветлувањето на случаите „Сопот“, „Монструм“, како и расветлување на случајот „Куманово“ – рече Зендели.

Пратеникот нагласи дека се „иритирани“ од образложението за разрешувањето на Зврлевски што вчера го презентираше заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, бидејќи во случаите што тој ги наведе како основа за разрешување на јавниот обвинител поради несовесно, нестручно и незаконско вршење на функцијата, ги нема „Сопот“ и „Монструм“.

– Она што иритира е образожението на Владата. Според заменик-министерот за правда, причини се законски пропусти пропишани со Законот за обвинтелство. Во образложението се споменуваат неколку случаи, но сите знаеме дека во Македонија се поведени судски постапки во кои Албанците беа жртви, како „Сопот“ и „Монструм“. Ниеден од овие случаи не е наведен како причина. Се поставува прашањето дали оваа Влада ги поддржува овие случаи – рече Зендели.

meta.mk