Бесплатен влез во МСУ по повод Меѓународниот ден на музеите

Сподели

 

На 18 мaj – Меѓународниот ден на музеите, влезот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде бесплатен за сите посетители.
 
Во музејот може да се погледне 14.Биенале на млади уметници, кое ќе биде отворено до 26 мај.
 
Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени.
 
На денот на одбележувањето Музејот ќе биде отворен во своите редовни термини од 10 до 17 часот.
 
Во пресрет на Меѓународниот ден на музеите на 17 мај во МСУ ќе се одржи и Советување кое е традиционално организирано од Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) на темата „Музеи, одржливост и благосостојба“.