Бесплатна психолошка помош од 30 психолози за жртвите од „Јавна соба“

Сподели

 

Основачот на онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози, Разговор.мк, Георги Михаилов нуди бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба”.

-Се работи за онлајн комунакација. Секој може да ја преземе апликацијата и да закаже разговор со некои од психолозите кои стојат на располагање. Секоја од девојките може да нè контактира на нашата е-маил адреса support@razgovor.mk или преку нашите профили на социјалните мрежи.

Морам да нагласам дека сите 30 лиценцирани психолози кои се дел од Разговор.мк веднаш се понудија бесплатно да ја дадат нивната поддршка, информира Михаилов и додава дека не е ограничен бројот на девојки кои може да се обратат за помош.