БИМАС 2018 – Зоран Кардула со „Архитектонски илустрации“

Сподели

Во Музејот на градот Скопје, вечерва ќе биде отворена Изложбата „Архитектонски илустрации“ на Зоран Кардула.

„Оваа моја изложба се реализира во соработка со Биеналето на македонската архитектура (БИМАС), кое годинава ми понуди да ги дизајнирам плакатот и брошурата за биеналето. Ќе се претставам со мои илустрации на бруталистички објекти во Скопје, споменикот Македониум во Крушево и дел од спомениците на НОБ низ Југославија.

Изработени се во минималистички стил, со цел да дојдат до израз нивните убавина и моќ. Целта е да се прикаже убавината на тие градби со кои треба да сме горди – вели Кардула.