Битолскиот Камерен оркестар со концерт “Виена во Битола”

Сподели

Концертот во Битола, “Виена во Битола” е повеќе од концерт – тоа е празник за душата, момент за споделување на празничната магија со најблиските. Првично сакавме изведувачите да бидат изненадување… но зошто да чекаме?

Вечерва, во големата сала на Центар за култура Битола, сцената ќе ја разубават: Битолски Камерен Оркестар IWCоnnect, извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска – Младенова, истакнати солисти на Националната опера и балет, меѓу кои Марија Кичевска, Francisco Gimenez Ruiz, и Мими Поп-Алексова, како и мешаниот хор при КУД Стив Наумов, под диригентската палка на Владимир Димовски.

Првиот концерт започнува во 19:00 часот, а вториот во 21:00 часот.

Подгответе се за вечер исполнета со новогодишна магија и звуците на Виена! Виена во Битола – најдоброто за почетокот на празничната сезона!