Битолскиот театар гостува на Фестивалот на актерот во Никшиќ

Сподели

 

Со претставата „Брод за кукли“ во режија на Кокан Младеновиќ, ансамблот на НУ Народен театар – Битола вечер ќе настапи на Меѓународниот фестивал на актерот, кој под мотото „Така е (ако така ви се чини)“ се одржува во црногорскиот град Никшиќ.

Во претставата настапуваат актерите: Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Во натпреварувачката програма на Меѓународниот фестивал на актерот, освен НУ Народен театар – Битола, учествуваат: Народен театар – Сараево, Народен театар – Белград, Центар за култура – Тиват и Народен театар – Бања Лука.