Блерим Река ги оцени изборите како фер, слободни и демократски

Сподели

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој отпадна од претседателската трка, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список, кој брои околу 1,8 милиони гласачи, но, како што рече Река, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу 1,5 милиони.

-Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања. Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство. Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови. Освоените гласови ја делегитимираат политиката на албанските партии кои се во власта и покажаа со кого и за кого е народот. Тоа најавува политичка пролет во Македонија, која ќе се цементира во идните предвремени парламентарни избори – потенцира Река.