Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направиja Софија и Скопје

Сподели

Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ, истакнува Борисов во изјава за „Труд“, одговарајќи на прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна, не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.

За создавањето на т.н. „Варнанска четворка“, бугарскиот премиер оценува дека со тоа се потврдува заедничката волја за обединување, европска интеграција и за почитување на европските принципи и правила. Тоа воедно значи и решавање на прашањата кои се важни за Балканот, истакна Борисов.