Борисов ја откажал средбата со Иванов

Сподели

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија,  каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв, објави бугарски „24 часа“.

Причината за откажувањето на двете средби е арогантното однесување на Иванов во текот на вчерашниот ден, откако беше објавено постигнатото решение за проблемот со името меѓу Македонија и Грција.

Во бугарските медиуми пишува дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија, поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција.

Информацијата за откажувањето ја потврди и бугарската влада.

Македонскиот претседател денеска остварил средба со бугарскиот колега Румен Радев.