БОРИСОВ: Ние ги поддржуваме соседите на патот кон НАТО и ЕУ

Сподели

Секоја нација ја одредува сопствената судбина и можеме само да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи сме во ова семејство, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за референдумот во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија.

„Оттаму, според мене, давањето совети или разбирање не е правилно, дипломатски, ниту чесно. Ние треба да ги оставиме македонските политичари да одлучат кој е патот што ќе го изберат по референдумот и ги поддржуваме на секој начин на тој пат кон ЕУ и НАТО“ додаде Борисов кој што изнесува лично мислење, а не официјален став на владејачката парламентарна група ГЕРБ.