БРИСЕЛ: ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИНСТИТУТОТ ЗА КРИМИНОЛОГИЈА

Сподели

BRISEL

Утринава околу 3 часот во бриселскиот Институт за криминологија експлодирала бомба, пренесе белгиската телевизија РТЛ.

Автомобил ја пробил оградата околу 3 часот наутро по локално време, а потоа напаѓачите ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата.

За време на нападот, зградата на институтот била празна, поради што нема повредени лица од експлозијата, која предизвикала пожар.