Тројцата известувачи на европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгел утринава пристигнаа во Скопје ги почнаа средбите со македонските претставници при што разговара за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања.
Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да имаат средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Следно на агендата на европратениците е средба со лидерот на владеечката партија од албанскиот блок ДУИ, Али Ахемти а потоа ќе се сретнат со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Средбите ќе ги заокружат со заменик претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски по што е предвидено да дадат заедничка изјава во ЕУ инфоцентар.
Европратениците претходно остварија средби со претставниците на граѓанскиот сектор.
Европратеникот Иво Вајгел рано утринава се сретна со претставниците на ЛДП и на Субверзивен фронт при што разговараа за човековите и ЛГБТИ-правата во Македонија.