Во Србија од утре до понеделник се воведуваат мерките кои важеа за викендите, односно целосно заклучување,со исклучок на продавниците за прехранбени продукти, аптеките и бензинските пумпи само за точење на гориво, објави премиерката Ана Брнабиќ.
„Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да го забавиме животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за нашите здравствени работници“, изјави Брнабиќ.
Здравствените власти барале 14 дневен карантин, но премиерката рече дека за тоа ќе одлучуваат следниот понеделник.
Пониските одделенија во основното образование од понеделник преминуваат на онлајн настава.