Брнз: Ветото на Бугарија носи бројни ризици

Сподели

 

“Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ”, изјави во интервју за Гласот на Америка, американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.

Таа вели дека ветото носи ризик не само за Северна Македонија, туку и за ЕУ, како и за прашањата поврзани со процесот на проширување во целина, изјави американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз во интервју за Гласот на Америка.

Важно е билатералните разговори да продолжат во некоја форма, а мислам дека тоа го препознаваат двете страни. Се надевам дека тие дискусии ќе продолжат на конструктивен начин и на соодветен начин за двете држави, и во инетрес на двете држави. Одвоено од тоа, важно е теренот да се држи подготвен и да се одвиваат преговорите за пристапниот процес во ЕУ. Веруваме дека Северна Македонија има покажано оти е подготвена за нејзината прва меѓувладина конференција, која се надеваме дека се` уште ќе може да се случи што е можно побрзо. Ние сме охрабрени што Португалија истакна дека проширувањето на ЕУ во целина ќе биде приоритет и за време на нејзиното претседателство.

Целото интервју на американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, во интервју за Гласот на Америкаможете да го прочитате тука