Во страотната собраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово бројот на загинати се искачи на 14 лица, а шест се борат за живот.
Телата на загинатите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините за несреќата продолжува и денеска.
Владата денеска и утре ги прогласи за денови на жалост, а општините Неготино и Демир Капија ги откажаа сите настани предвидени за прослава на „Св.Трифун“.
Граѓаните на Скопје се мобилизираа и на социјалните мрежи нудеа помош за роднините на загинатите и повредени патници, од кои, најголем број се од Гостивар. По тој повод, Општина Гостивар денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се донесе одлука за прогласување на тридневна жалост.
Утрово, во болницата „8-ми Септември“ министерот за здравство Венко Филипче ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќна која се случи на автопатот Скопје-Тетово. Четири од повредените пациенти во болницата „8-ми Септември“ и три од повредените пациенти во Ургентниот Центар во Скопје се сѐ уште во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
Лекарите максимално се вложуваат да им ja дадат најдобра здравствена нега и прават сѐ да ги спасиме животите на тешко повредените.