Бугарија бара да не се користи во политичка дебата за изборите

Сподели

 

Министерството за надворешни работи на Бугарија во вчерашното соопштение објави дека амбасадорката на РС Македонија во Софија е повикана  „во врска со неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив распространетите неточни тврдења во однос на Република Бугарија“.

„Бугарија постојано одржува конструктивен дијалог и се воздржува од коментари за постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Бугарија го прави ова со разбирање дека треба да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес, како и мирна јавна средина за потребните реформи да се спроведат.

Ја повикуваме политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот постигнат во 2022 година и строго да го почитува Договорот за пријателство од 2017 година.

Добрососедство и соработка. Тоа е единствената опција за постигнување вистински напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата во корист на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на бугарското МНР.