БУГАРИЈА: ИЗГЛАСАН ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА ЗА НОСЕЊЕ БУРКА НА ЈАВНИ МЕСТА

Сподели

1153402-3x2-940x627

Бугарскиот Парламент денес ја поддржа забраната за покривање на лицето на јавни места. Според усвоениот закон, никој не може да го прикрива свето лица на јавни места, а во случај на негова повреда, казните се од 100 евра за првиот прекршок до 750 евра за секој следен.

Казнените одредби нема да се применуваат ако е неопходно таква облека да се носи во случај на здравствени проблеми, извршување на професијата, во однос на спортот, културата, образованието, во верските објекти и ако законот се промени.

Пред почетокот на дебатата за овој закон, пратениците на Турците во Бугарија, Движење за права и слободи, предложија законот да не се разгледува во Парламентот, бидејќи според нив, тоа давало можност за „реваншистички, радикални и незадрави сили да бараат причина за одмазда“.

Во повеќе европски земји во изминативе месеци се забрани носењето бурка со цел да се заостри контролата во превенција на исламистичките напади.

Во Бугарија речиси 13 отсто од граѓаните се со муслиманска вероисповед, земја со најголем број на муслимани во ЕУ.