Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста, насловено „Европа не нè разбира“, се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ, пренесува РСЕ.
Освен меморандумот, што Софија го испрати до Брисел, Софија испратила и коментари на нацрт преговарачката рамка со Скопје и во самата нацрт рамка која се уште е во фаза на преговори. Бугарија со коментарите, во кои Радио Слободна Европа има увид, се бара добрососедството да се третира како суштинско прашање, а македонскиот јазик да не биде дел од рамката.
Во писмото, што го пренесува „mediapool.bg“, тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување“ и пишуваат дека не се согласуваат „Северна Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато“, јави МИА. Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Северна Македонија.
Потписниците на заедничкото писмо сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.