Бугарскиот парламент ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов

Сподели

boiko_borisov1

Бугарскиот парламент, со 218 гласа „за“ и двајца воздржани пратеници, денеска ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов.

На 14 ноември, Борисов до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада, поради победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, Румен Радев поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Од утре ќе започнат консултациите за состав на новата влада која треба да ја сочинуваат стручњаци кои ќе ги организираат предвремените парламентарни избори.

Борисов е на власт од 2009 година, а неговиот мандат требаше да истече во 2018 година.

Румен Радев ќе ја преземе должноста претседател на Бугарија на 22 јануари.

meta.mk