Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како нессодветно видеото на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, откако вчера македонското МНР упати протестна нота.
„Пораките на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската Влада. Бугарија нема територијални претензии кон други земји“.
Ова денеска го соопшти бугарското МНР, по протестната нота од Македонија до Бугарија поради објавеното видео од бугарскиот европратеник и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски, во кое тој вели дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.