Бујар Османи: Бугарите ќе ги имаат сите права, ако треба и нивно споменување во Уставот

Сподели

 

„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, изјави Османи во „Клик плус“ на ТВ21.

На забелешката дека во тој случај ќе треба да се менува Уставот, Османи одговори оти нема резерви да бидат споменати како посебна етничка заедница.

„Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на која било страна“, рече Османи.

На новинарско прашање дали Бугарија тоа го побарала во разговорите со него како министер за надворешни работи, Османи одговори:

„Официјално не сум чул, ниту сме разговарале за ова“ – изјави министерот Османи.