Бундестагот го „призна“ геноцидот врз Ерменците, Турција го повлече амбасадорот

Сподели

Bundestag-860x564

Германскиот парламент одобри резолуција во која се вели дека масовните убиства на Ерменците од отоманските Турци за време на Првата светска војна биле геноцид.

Турција остро се спротивставува на резолуцијата на Бундестагот и предупреди дека тоа би можело да им наштети на односите меѓу двете земју.

Ерменците велат дека околу еден и пол милион нивни сонародници се убиени во злосторствата од 1915 година. Турција вели дека бројката е многу пониска и го отфрла терминот „геноцид“.

Веднаш по гласањето во Бундестагот, официјална Анкара го повлече својот амбасадор во Берлин.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека изгласувањето на резолуцијата со која Турција е одговорна за геноцид, ќе има сериозни последици по односите меѓу двете земји. За турскиот премиер Јилдирим, одлуката на Бундестагот е дело на „расистичкото ермнско лоби“, а турскиот вицепремиер Нуман Куртумлуш резолуцијата ја нарече „историска грешка“.

Германската канцеларка Меркел, која не беше присутна на гласањето во Бундестагот, сепак не гледа сериозна опасност за односите меѓу двете земји.

– Постојат многу работи што ги врзуваат Германија и Турција и дури и ако имаме различни мислења за одделни работи, силата на нашите врски, нашето пријателство, нашите стратешки врски се големи – изјави Меркел по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Берлин.

Бундестагот го „призна“ геноцидот врз Ерменците, Турција го повлече амбасадорот