„Час по глума“ од Франческа Биsари и Гофредо Пучети во МКЦ

Сподели

Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград, во соработка со Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје, ја презентираат театарската претстава „Час по глума“ (“The Acting Class”) од Франческа Биsари и Гофредо Пучети, која ќе се одржи во киното Фросина (МКЦ), во сабота 20 октомври со почеток во 20 часот. Улогите ги толкуваат: Франческа Биsари и Клаудио Грили, a претставата е дел од 24тата Недела на италијанскиот јазик во светот (#SLIM2024).

Содржината на оваа комедија е едноставна, поставена врз принципите на двосмисленост на комедијантската традиција: италијанска актерка прима студент во нејзиниот стан на приватен театарски час.

Тој е нестрплив да ги научи триковите на занаетот и таа е возбудена што ќе го натера да се заљуби во италијанскиот театар. Заедно двајцата проследуваат некои од најважните текстови на театарската сцена: од Плаут до Дарио Фо, од Пирандело до Едуардо де Филипо. Лекцијата се чини дека оди на подобро се додека публиката не сфати дека овде има мал комуникациски проблем.

Шоуто иронично ги руши предрасудите за тешкотиите на јазикот на театарот, забавувајќи ја публиката која зборува италијански и англиски, или само еден од двата јазика, или пак, ниту еден од нив!

Делото е своевидна химна на способноста на италијанците да комуницираат со било кого без културни и јазични бариери. Токму поради оваа причина актерите глумат на италијански и англиски јазик без превод.

Влез: бесплатен