Чествување во знак на почит кон загинатите армиски резервисти кај Карпалак

Сподели

 

Владата на Република Северна Македонија, претставена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, во Прилеп, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ со положување цвеќе и оддавање почит го започна одбележувањето на 21-годишнина од загинувањето на десет армиски припадници кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година.

И Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.

–  Делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана Драган Николиќ, во 09:00 часот ќе положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. Во 13:00 часот, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата ќе положи венец пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, информираа од МО и АРСМ.