Четири медали за македонски математичари на јуниорската балканска Олимпијада

Сподели

 

Четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада.

Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева.

 

Јуниорската олимпијада е наменета за ученици до 15-годишна возраст. Следно, наши ученици ќе учествуваат и на претстојната Светска сениорска олимпијада, каде што нема возрасно ограничување, односно може да учествуваат и ученици помали од 15 години.