Чистка во Северна Кореја – егзекутирани пет функционери

Сподели

 

Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник Chosun Ilbo, повикувајќи се на свои извори во Северна Кореја.

Ким Хјок Чол и уште четворица функционери се  погубени поради неуспешниот самит во Ханој со американскиот претседател Доналд Трамп, објавуваат јужнокорејските медиуми. Уште неколку учесници на средбата, меѓу кои и преведувачот на Ким, биле испратени во поправни логори, пишува весникот.

Портпаролката на јужнокорејското Министерство за обединување одбила да ги коментира наводите  на медиумите и порачала „дека е непримерно да се коментираат вести кои прво би требало да бидат проверени“.