Поранешниот технички министер Наќе Чулев побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за инцидентите кои се случија за време на протестите и укажа на серија пропусти, кои според него треба да резултираат со оставка.
Министерот Спасовски е должен секогаш кога има протест да организира освен одржување на јавниот ред и мир и заштита на виталните државни објекти, да обезбеди и непречено одржување на протестот и заштита на безбедноста и животот на учесниците во протестот. Во таа насока согласно безбедносната проценка и оперативниот план се предвидува и соодветен распоред на полициски сили и средства и мерки и активности кои треба да се преземат. Од овие причини и непреземање на мерки и активности дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, предизвикување на општа опасност и други кривично-правни дејствија. Инфилтрирани провокатори, провокативни легитимирања, уцени, закани, прекумерна употреба на брутална сила, непреземања на должни дејствија и друго е само дел од modusot operandi на овој хибриден режим во насока на модерирање на гневот на граѓаните особено на младите протестанти и предизвикување на инциденти и ескалација на протестот со крајна цел дискредитација и угушување на сенародниот граѓански протест. Оливер Спасовски треба кривично да одговара и самиот да си поднесе оставка, изјави Чулев.