Лицата учесници во литијата во Струга се повикуваат на информативен разговор и им се поднесуваат соодветни поднесоци од јавното обвинителство, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
– Секторот за внатрешни работи во Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга и Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, штом биде комплетирана постапката ќе ја информирам јавноста, изјави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.