Д-р Беќаровски: Природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства

Сподели

 

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил набројува природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во секојдневната исхрана може да даде позитивен антикоагулантен ефект.

 

 

Последниве денови кутија со Amp. CLEXANE или Tabl. XARELTO станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на крвта, како најопасна компликација од Covid-19 ги испразнија рафтовите во аптеките, но и болниците. Да биде проблемот уште поголем слична е ситуацијата и во сите соседни држави.
Затоа, ако нема со што да се лечи, мора на некој начин оваа појава да се спречи.
Еве неколку природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во Вашата секојдневна исхрана, може да даде позитивен антикоагулантен ефект:
☆ Куркума
☆ Ѓумбир
☆ Цимет
☆ Витамин Е
☆ 150 мл црвено вино
☆ Лук
☆ Гинко билоба
☆ Внес на 2 литри вода, правилно распределена во текот на денот.
☆ Цитрусни овошја
☆ Непечени семки од сончоглед
☆ Туна
Истовренено максимално избегнувајте ги следниве прехрамбени производи, кои имаат прокоагулантно дејство:
• Јајца
• Мајонез
• Пржено јагнешко и свинско месо
• Сувомеснати производи
Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, ако немаат контраиндикации, или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата секојдневно да конзумираат 67,5-100 mg. ацетилсалицилна киселина.°
Нико Беќаровски, фб