Д-р Крстески: Збогатена соработка со Австрискиот Државен архив

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески во Виена имаше официјална средба со генералниот директор на Австрискиот државен архив, д-р Хелмут Вонот.
 
 
 
 
 
Во разговорот беше нагласена обостраната желба за продлабочување на соработката меѓу двата Архива, особено во врска со добивањето нови документи за нашиот Архив, од времето на Австро-унгарија, а што се поврзани со историјата и минатото на Македонија, како и со добивањето стручна поддршка во однос на интензивирањето на процесот на дигитализацијата на историските документи и архивските материјали.
 
 
 
 
“Со генералниот директор на Австрискиот државен архив, д-р Хелмут Вонот, меѓу другото, се договоривме до крајот на февруари да ни достават копии од документи, мапи и фотографии од 19-ти и 20-ти век што се однесуваат на Македонија. Меѓу нив е и книгата-водич за Македонија, печатена на германски јазик во 1905 година, чии што автори се австриски и германски новинари. Ова е навистина вредна книга која што содржи историски и географски податоци, мапи, описи за животот, традицијата и обичаите на населението на територијата на тогашна Македонија и која што треба да ја имаме во нашиот Архив” – изјави по средбата и разговорите во Виена, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.